Македонија
19. February 2021 - 12:43

Ослободителна пресуда бара Гордана Јанкуловска, обвинета во случајот „Таргет-Тврдина“

Ослободителна пресуда бара поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, обвинета во случајот Таргет -Тврдина. Во своите завршни зборови рече дека совеста и е чиста и не го сторила кривичното дело. З

а уништување на опремата за прислушување при УБК вината ја префрли на Горан Грујoвски. Се пожали и дека таа самата е жртва на прислушувањето.

Последиците се уште ги трпела, не само таа туку и нејзиното семејство. Јанкуловска рече и дека била еден од најприслушкуваните поранешни функционери, а доказ за тоа се и 23.000 разговори.

Инаку поранешната министерка се наоѓа во затворот Идризово, каде издржува затворската казна за случајот Тенк.

Денешното судење продолжува со завршни зборови на адвокатите на останатите обвинети.

 

Елена Милошевска