Осигурувањето бележи раст, ниско ниво за доброволно осигурување

Осигурителниот пазар во Македонија бележи континуиран раст во последните години. Пазарот од аспект на понуда на производи е развиен, иако има голем неискористен потенцијал за развој. Заклучно со третиот квартал од годината осигурителните друштва во земјава имаат остварено бруто полисирана премија од 6,32 милијарди денари каде има раст од 7,83 проценти. Во делот живот остварена е бруто полисирана премија од 692,12 милиони денари со раст од 21,17 проценти, а во делот неживот премијата изнесува 5,62 милијарди денари со раст од 6,34 проценти.
На денешната прес-конференција на Здружението за осигурување при Стопанската комора на Македонија беше посочено дека и натаму има ниско ниво на свесност кај населението за доброволно осигурување, односно дека мал број граѓани одлучуваат доброволно да го заштитат сето она за што макотрпно работеле со години и дека се осигурува најчесто она за кое граѓаните и компаниите имаат законска обврска или пак осигурувањето претставува услов за склучување договор.
Тоа, како што рече потпретседателката на Здружението Весна Ѓорчева, покажува дека најголемо учество има осигурувањето кај моторните возила со 52,32 проценти при што осигурувањето од автомобилска одговорност учествува со 44,07 проценти, а доброволното 8,25 проценти.
Мал процент на учество има осигурувањето на домаќинствата со седум проценти. Ѓорчева додава дека доколку се одземат задолжителните осигурувања склучени во корист на банката од страна на граѓани кои подигнале хипотекарен кредит резултатите се уште полоши.
Мало учество има и осигурувањето на земјоделците, иако, како што рече Ѓорчева, има раст од 62 проценти. - И покрај субвенциите во висина од 60 проценти од полисата, сепак, се уште постои убедувањето дека нема да дојде до штета и дека е потребен трошок. Факт е дека е многу мало нивото на осигурителна култура и едукација, рече Ѓорчева.
Таа смета дека голем потенцијал за раст на доброволното здравствено осигирување ќе дадат реформите во здравствениот сектор.
Нови можности за осигурителниот пазар, како што рече, е и појавата на нови ризици кои произлегуваат од динамиката на промени во глобалната економија и кои се појавуваат првпат на пазарот, како и влезот на странските директни инвестиции.
Ѓорчева додаде дека најмногу се бараат полиси за осигурување од одговорност кои се присутни во развиениот свет и оти пазарот на осигурување во Македонија ќе се движи во оваа насока.
Кон развојот на осигурителниот пазар, како што рече Зоран Стојановски од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, ќе даде и осигурувањето на живот, каде има голем потенцијал. Во трите квартали од годината се потпишани 5.599 договори за живот, а кон оваа бројка придонесува и поврзувањето на осигурителните компании со банките.
Добивката на осигурителните друштва по оданочување изнесува 361,11 милиони денари. Кај друштвата за неживотно осигурување, осум друштва остварија добивка во износ од 380,44 милиони денари, додека три друштва остварија загуба во износ од 48,27 милиони денари. Кај друштвата за осигурување живот, друштвата остварија добивка во износ од 28,93 милиони денари, и тоа две остварија добивка, а две загуба во износ од 15,30 милиони денари.
Според Стојановски, очекувањата се дека во наредната година ќе се задржи порастот на бруто полисираната премија и тоа во двата сегмента, ќе се задржи стабилноста на високо ниво, при што друштвата ќе бележат позитивни финансиски резултати.
- Во сегментот неживот силно влијание на страната на побарувачката имаат странските директни инвестиции и отворањето нови фабрики, како и големите инфраструктурни проекти во делот на изградбата на автопати кои ќе ја зголемат продажбата на имотно осигурување, менаџерско осигурување, колективно осигурување од незгода, осигурување од прекин на работниот процес, одговорност кон трети лица, дополнително здравствено осигурување на вработените, транспортно осигурување, рече Стојановски и додаде дека силен раст очекуваат кај земјоделското осигурување, а доброволното здравствено осигурување да добива во интензитет.
Ново на Сител
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
