Оштетени канделабри и украсни дрвја кај салата „Македонија“кај Ростуше
Се уште неидентификувани лица, во дворот на спортската сала„Македонија“ која се наоѓа во близина на административниот центар на општина Маврово - Ростуше искршиле неколку канделабри и украсни дрвја.
- Едни градат, а некои други пак неодговорни лица уништуваат. Вака може да се коментира дрскиот настан што се случи во дворното место на големата убава спортска сала „Македонија“. Насилно се урнати неколку канделабри, а искршени се и украсни дрвја. Направена е штета од над 1.600 евра. Очекуваме надлежните што побрзо да ги откријат вандалите, изјави градоначалникот Мукрем Мехмди.
Тој од името на локалната власт искажа остра осуда за овој, како што го нарече, вандалски чин. Осуда доаѓа и од жителите и спортистите кои токму во оваа сала најдоа идеално место за развој на многу спортски активности.
Спортската сала „Македонија“ е една од многуте што Владата на Република Македонија ги изгради ширум земјава, каде освен спортски одржани се и низа културни маноифестации.
Надлежните извршиле увид и спроведуваат активности за откривање на сторителите.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани