Оштетени дрва во Аеродром
Во текот на вчерашниот ден, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ и Градот Скопје констатирале дека непознати сторители извршиле оштетување на повеќе дрва на кејот на реката Вардар во Општина Аеродром, во близина на ТЦ „Три бисери“, соопшти Град Скопје.
Станува збор за десетина дрва, од видот јасен, кои се дел од дрворед стар 10 години.
Градот Скопје го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини и истиот ќе го пријави до надлежните служби.
Од градот апелираат до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите и дрворедите, цветните фигури и цветните расади коишто ги красат парковите и зелените површини, како и да не ја уништуваат урбаната опрема низ парковите.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест