„Орландина“- претстава од Рисимкин за словенечката танчарка Росана Хрибар
Во Танцовиот театар на Љубљана вечер премиерно ќе биде изведена соло-претставата „Орландина“ која кореографката Рисима Рисимкин ја подготви за Росана Хрибар - една од најдобрите словенечки современи танчарки.
- „Орландина“ е претстава посветена на Росана Хрибар и времето. Инспирирана од романот „Орландо“ на Вирџинија Вулф, интимна приказна на танчар раскажана преку видогледот на три силни жени од различни културни, политички и временски периоди: Вирџинија Вулф, Рисима Рисимкин и Росана Хрибар, изјави кореографката.
На словенечката современа танцова сцена Росана Хрибар е од 1970 години. Се школувала на Танцовата академија во Љубљана и во изминатите две декади соработувала како танчар и короеграф со речиси сите значајни словенечки кореографи, театарски режисери и различни современи танцови ансамбли во Словенија и во странство. Меѓу наградите што ги добила е и највисокото национално признание за врвни уметнички дострели - државната „Прешернова награда“ во 2015 година.
Короеграфката Рисимкин лично била поканета за соработка од Росана Хрибар, која минатата година ја видела нејзината кореографија „Котел“ со Скопје танцовиот театар и „Р:Е.М. - Низа од соништа“ со кинеската современа танцова компанија „Nine Dance Theater“ од Пекинг.
На претставата работи и композиторот Тони Китановски, кој направи нова, оригинална музика, како и костимографот со светска кариера Алан Хранитељ.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување