Оргии во Рим: Директор со колешките голи во фонтана

Директорот на угледна британска фирма која се занимава со екологија и еколошки прифатлива архитектура и уште пет британски државјани се пријавени за блудно однесување во Рим поради тоа што се снимени како голи се бањаат во една од фонтаните на италијанската престолнина.
Снимката покажува како колегите од оваа фирма вклучувајќи и две жени се бањаат голи во фонтаната Најада. Сведокот на оваа сцена ја опишал како забавна и додал дека изгледало како “оргија од стариот Рим“. Поради инцидентот туристите ќе мора да се појават на суд како и поради обвинувањата за блудно однесување на јавно место, прекршок за кој во Италија може да се добие и до три години затвор.
Туристите пред тоа пиеле за да ја одбележат последната вечер во Рима, па малку се знаеле вклучувајќи го и самиот директор на фирмата. Како што се наведува, кого излегле на улица по забавата, се соблекле голи и влетале во фонтаната.
Мажите вртеа со гениталиите, а жените трчаа во топлес. Една беше згодна, млада и русокоса, сликовито раскажал еден од сведоците на ноќното бањање.
Беа внатре добри половина час, пееја и врескаа. На почетокот никој ен ги забележуваше, но набрзо се собраа голем број на луѓе кои ги снимаа. Тогаш дојде полицијата и ги уапси, кажал друг сведок.
На оваа група туристи им беа пишани казни од 169 евра и однесени се во полициска станица. Од компанијата не сакале да го коментираат однесувањето на нивните вработени.
Ново на Сител
-

Тошковски: Новогодишната ноќ помина главно мирно
-

Новогодишна донација од СВР Битола, РСБСП и ОСБСП за првото бебе во Битола
-

Напади врз полиција и апсења во Германија за време на дочекот на 2026 година
-

Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекарски служби, двегодишно дете со повреди од огнено оружје
-

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава
-

АМСМ: Сообраќајот кон ГП Ќафасан е се уште во прекин во двата правци
-

Град Скопје ќе гради прва катна гаража во Клиничкиот центар до втората половина на 2026 година
-

Првото бебе во државата е Евгенија, трето дете на семејството Камчеви
