Органската храна недоволно присутна во македонските маркети
И покрај тоа што во Македонија се регистрирани над 500 производители на органска храна, мала е понудата на домашни органски производи во супермаркетите. Ова е една од заклучоците на средбата што ја одржаа Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), Асоцијација „Зенит“ и Здружението „Медиа Плус“ во Стопанската комора на Македонија.
На средбата учествуваа претставници на трговските ланци „Веро“, „Тинекс“ и „Рамстор“, како и од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Според ОПМ, трговските ланци покажуваат се поголем интерес за пласман на органски производи, пред се заради барањата на потрошувачите, особено младата популација.
- Веќе неколку години ги едуцираме потрошувачите дека органската храна е побезбедна за консумирање и нејзиното производство помалку ја загадува животната средина, велат од ОПМ.
На средбата беше утврдено и дека треба да се зголеми контролата на пазарот за да се гарантира дека она што се продава како органска храна ги задоволува стандардите и правилата на органско производство. Потребна е и поддршка на производителите од страна на трговците или на државата за нивна поголема застапеност во малопродажбата преку промотивни акции и соодветно истакнување на македонскиот знак за органски производи со цел потрошувачите да го препознаат.
Во дискусијата беше детектиран и проблемот со немањето откупни центри за органска храна, малите произведени количини, како и променливоста на изгледот и квалитетот на свежите производи и флуктуација на цените.
- Проблемите останува да се решаваат преку мерките за унапредување на органското производство. Се очекува состојбата да ја подобри и најавениот кластер за органски производи, истануваат од ОПМ.
Средбата ја поддржа проектот „Преминете на органско - потрошувачите во центарот на земјоделската политика“ со средства од ЕУ преку програмата „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан“. Со оваа иницијатива беше изработена апликација за мобилни телефони и интерактивна мапа „Органски пат“, со план за патување за посета на центри за производство на органска храна во Македонија, продавници, ресторани и сместувачки капацитети кои имаат органски производи во својата понуда.
Ново на Сител
-
Масовна молитва во Тирана
-
Преглед на вестите од светот
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани