Организаторот на натпревар во лежење во Црна Гора порачува: Пратете некој од македонските политичари
Најневообичаениот натпревар на Балканот а и пошироко се одржува во Црна Гора. Имено станува збор за натпреварот во лежење кој секоја година има се поголема популарност.
Оваа година се одржа 12-то издание каде беше поставен и нов рекорд. Имено девојката победик, Лидија Марковиќ успеа да издржи дури 50 дена лежејќи и со тоа го доби приматот победник и апсолутен рекордер, поправајќи го рекордот кој до оваа година беше 117 часа.
Организаторот Мичо Благојевиќ, преку Етно село Монтенегро вели дека натпреварот во лежење е еден шеговит начин на прикажување на митот за мрзливи Црногорци.
Натпреварот стекна голема популарност уште од самите почетоци, а оваа година имаше и рекорден интерес како од регионалните така и од светските медиуми.
Организаторот ги повикува и македонските граѓани а особено политичарите кои наместо да одмараат во Собрание, ќе може истото да го прават на натпреварување во Црна Гора.
Победничката од оваа година и рекордерка Лидија Марковиќ, најави учество и следната година каде ќе се обиде да го подобри рекордот.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
