Организаторите на натпреварот за квалитет на мед во Тетово ги подарија собраните количини мед на деца и ученици
Здруженијата „Градот на пчелите“ и „Полошки мед“ одлучија да го подарат медот собран од учесниците на меѓународниот натпревар избор за квалитет на медот „Tetovo honey awards 2019“ што се одржа во неделата во Тетово.
Над 400 теглички мед, двете здруженија одлучуја да им подарат на учениците од основните училишта „Лирија“ и „Братство Миѓени“, групите со деца со пречки во развојот во градиката Тетекс, како и пионерските групи на ФК Шкендија.
– Оваа недела им ја посветуваме на сите пчелари и пчеларки кои беа дел од натпреварот и секој од нив има дел за ова наша многу симпатична активност. Вкупно ќе се доделат 400 тегли со по 300 грама мед за децата и учениците од овие институции, рече Дритон Дикена од здружението „Градот на пчелите“.
Владимир Петровски од здружението „Полошки мед“ додаде дека за време на доделувањето на тегличките ќе се одржи и предавања за придобивките на медот посебно кај децата во зимскиот период.
Тегличките мед вчера беа подарени за учениците во ОУ „Лирија“, денес за младите фудбалери, во среда во ОУ „Братство Миѓени“ и во четврток во групите со деца со пречки во развојот во градинката „Тетекс“.
Ново на Сител
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека