Орешковиќ ја претстави програмата на новата хрватска влада
Мандатарот за состав на новата хрватска влада Тихомир Орешковиќ денеска пред пратениците во Саборот ја претстави својата владина програма, наведувајќи дека главна цел на неговиот кабинет ќе биде подобрување на економската и социјалната ситуација во Хрватска и зголемување на животниот стандард.
Како што јави Хина, тој истакна дека неговата влада ќе работи на трансформирање на земјата во три клучни области - економски раст, конкурентност и квалитетен живот.
Орешковиќ планира зголемување на бруто домашниот производ за над три отсто, намалување на државниот долг за помалку од 80 проценти од БДП до 2020 година, намалување на буџетскиот дефицит до под три отсто од БДП до следната година, зголемување на извозот за 30 проценти, намалување на невработеноста под 14 отсто и зголемување на БДП по глава на жител до 2.000 евра.
Во врска со бегалската криза Орешковиќ изјави дека Хрватска за ова прашање ќе се консултира со своите партнери во ЕУ, истовремено штитејќи ги сопствените интереси.
- Пред 25 години ние ја исполнивме нашата желба за слободна Хрватска. Наша следна желба е да ја направиме модерна земја, која ќе ги почитува своите традиции и ќе обезбеди подобар живот за нас и нашите деца, додаде Орешковиќ.
Саборот денеска треба да се изјасни за избор на владата на Орешковиќ.
Ново на Сител
-
Ограбена менувачница во Скопје за 10 илјади евра
-
Кај тројца од жртвите во пожарот во Кочани имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица скршеници на ребра и задушување од притисок при стампедо
-
На патот Неготино-Градско во возило „рено клио“ пронајдени пет мигранти од Египет
-
Тошковски: Не можам да се сложам дека актуелни носители на функции не се дел од истрагата за пожарот во Кочани
-
Две деца на возраст од 11 и 13 години се оддалечиле од Детско село
-
Црвен крст: Досега собрани 48.172.115 денари
-
Хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци
-
Панчо од ДНК е надвор од животна опасност, велат од „Систина“