Живот
3. July 2020 - 12:18

Орел улови ајкула (видео)

На плажата Мертл во американската сојузна држава Јужна Каролина, е забележана несекојдневна глетка – огромен орел улови ајкула во морето, прелета преку плажата полна луѓе и го однесе својот плен во гнездото.

Жената што брзо реагирала со својата камера и го снимила летот на џиновската птица – извесна Ешли вели дека ајкулата била долга околу два метра.