-->
-->
Орбан: Зеленски е комичар кој глуми претседател
-->
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „комичар“, велејќи дека тој претставува нов вид „политичар-инфлуенсер, актер или комичар“.
Во интервју за Јутјуб каналот „Патриота“, Орбан рече дека претходното искуство на Зеленски во комедијата и глумата „не му помогнало во она што сега мора да го прави, особено не среде војна“.
Унгарскиот лидер рече дека Зеленски „глуми претседател“, додавајќи дека тие двајца „не успеале да разговараат во подлабок контекст“.
Орбан додаде дека неговите посети на Украина, Русија, Кина и САД пред една година имале за цел склучување мировна иницијатива, но дека бил „одбиен“ во Киев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава