Орбан во писмо до Мишел повикува на разговори со Кина и обновување на односите со Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писмо до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во кое, меѓу другото, повикува на разговори со Кина за „мировна конференција“ и обновување на дипломатските односи со Русија, објави Билд.
Весникот наведува дека Орбан изнесол збирна оценка по неодамнешните разговори со лидерите на Украина, Русија, Кина, Турција и поранешниот американски претседател Доналд Трамп за конфликтот во Украина, како и некои предлози за разгледување.
Премиерот на Унгарија во писмото повикува на разговори со Кина за „мировна конференција“, обновување на дипломатските односи со Русија и, како што наведува, „политичка офанзива кон земјите од глобалниот југ, чија почит ја изгубивме поради нашиот став за војната во Украина“, пренесува Билд.
Писмото содржи десет точки, а кога станува збор за војната во Украина, унгарскиот премиер оценува дека во блиска иднина интензитетот на конфликтот радикално ќе се засили.
Политичкиот советник на унгарскиот премиер вчера изјави дека Орбан писмено ги информирал лидерите на Европскиот совет за искуствата од преговорите за мир во Украина, првата фаза од мировната мисија и за планот на Унгарија кој содржи реална проценка на ситуацијата и реални цели, како и соодветен распоред за дејствување.
Ново на Сител
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети