Орбан во одбрана на Полска од „неоснованите“ мерки на ЕУ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја бранеше Полска од критиките на Европската унија поради законот во областа на правосудството и медиумите на новата полска Влада.
Орбан оцени дека Брисел го иритираат силните национални држави. Тој чекорите што ЕУ планира да ги преземе против Полска ги опиша како „неосновани мерки кои ги спроведуваат прилично самоуверените стари демократии“.
- Европските бирократи се изиритирани од силните национални држави, а Полјаците не направија ништо со што би ги заслужиле европските критики. Мислам дека Полјаците не преминаа ниту еден праг за прилично самоуверените демократии да преземат неоправдани чекори, посочи Орбан.
ЕУ е фокусирана на новите полски закони со кои Владата го зголемува своето влијание врз Уставниот суд и државните медиуми, области за кои Орбан се судри со Брисел откако се врати на власт во 2010 година. Варшава тврди дека не ги прекршила ниту европските ниту полските закони и оти има силен политички мандат за промени.
Ново на Сител
-
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци
-
Силјановска: Потребни реформи во ООН
-
До ФЗО се пристигнати пет претставки за сомнителни кардиолошки интервенции од пациенти
-
Синдикалната кошница намалена за над 400 денари, ССМ по подолг период бележи намалени трошоци за живот
-
Секој трет угостител не издава фискални сметки – УЈП ги повика да го платат данокот
-
Денеска беше осветен храмот „Св. Мина”
-
Да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, анализи на почвата да се прават и догодина, велат познавачите
-
Средба на Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа