Орбан: Унгарија ќе ја тужи Европската комисија ако го занемари ветото за Русија

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека неговата земја ќе ја тужи Европската комисија, доколку го занемари ветото на Унгарија за планираните санкции за купување руски гас и нафта.
-Брисел си играше со погрешни коцки кога одлучи за забраната за купување руска нафта и гас, од што е изземен ставот на Унгарија и Словачка, како и трговската политика на ЕУ која зависи од гласање, рече тој за Радио Кошут, пренесе МТИ.
Според него, ЕК го заобиколила унгарското вето, што, нагласи тој, е незаконско.
-Тоа е отворено кршење на владеењето на правото. Иако тужбата е долга, таа нема да го реши нашиот проблем. Унгарија мора да сигнализира дека Европската унија го напуштила владеењето на правото и ја злоупотребува својата моќ, рече Орбан.
Коментирајќи ги последните случаи на корупција во Украина, тој рече дека Брисел е во тешка ситуација бидејќи „и неговата куќа гори“.
-Се испостави дека поранешниот втор човек на Европската унија, поранешната комесарка за надворешни работи, направила нешто и дека се случуваат сомнителни работи. Европската унија е заглавена во корупција, и тоа не само Комисијата, туку и Европскиот парламент има свои корупциски скандали, а се очекува да кажат нешто паметно за корупцијата во Украина, рече Орбан.
Тој нагласи дека истата работа се случува и во Украина и во Брисел.
-Ситуацијата не е лесна за ЕК, заклучи унгарскиот премиер.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
-

Иницијативата на НАТО за оружје за Украина сега има 21 членка, инвестициите достигнаа 4,18 милијарди долари
-

Бундестагот го одобри пензискиот пакет и покрај внатрешните превирања во коалицијата
-

Донесени измените на законот за градење, приклучување на новите градби на парно греење онаму каде има можности
-

Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови
-

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување
-

Повторно затворен граничниот премин Евзони
