Орбан: Унгарија е против влез на Украина во ЕУ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека влез на Украина во Европската унија би претставувало „економско самоубиство“ за Европа, нагласувајќи дека Унгарија не го поддржува тој процес, ниту забрзана процедура за нејзино членство.
Орбан ги критикуваше европските лидери, особено Европската народна партија, поради нивната одлука дека ЕУ мора да „ја продолжи војната, да ги одржува санкциите и целосно да ја елиминира руската енергија, без оглед на последиците за економијата“.
Тој порача дека Унгарија работи на постигнување мир, бидејќи тоа би овозможило укинување на санкциите, намалување на цените на енергијата и закрепнување на економијата, што би им го олеснило животот на унгарските семејства. Покрај тоа, Орбан предупреди дека забраната за увоз на руска енергија, доколку Брисел успее во тоа, би можела да доведе до „драстично“ зголемување на трошоците за енергенси во Унгарија. Тој наведе дека унгарските семејства наскоро би можеле да плаќаат двојно повеќе за гас и струја.
Според него, Унгарија вложила големи напори цените на енергијата за домаќинствата да бидат меѓу најниските во Европа, и покрај трошоците на санкциите против Русија. Орбан истакна дека моментално, греење на просечна унгарска куќа чини меѓу 700 и 800 евра, додека во Словачка тоа изнесува околу 1.350 евра, а во Полска дури до 2.400 евра.
Тој нагласи дека Унгарија досега набавувала евтина енергија од Русија, но оти забраната за увоз на руска енергија би довела до дополнителни трошоци од 1,8 до 2,4 милијарди евра за енергија купена од други извори. Тој ги повика Унгарците да ѝ помогнат на владата во заштитата на ниските цени на енергенсите и да учествуваат во гласањето на изборите оваа година.
Ново на Сител
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ
-
На граничните премини нема подолги задржувања