Орбан: Сорос сака тајно да влијае на политиката во Унгарија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека групите кои ги подржува финансиерот Џорџ Сорос и неговата империја сакаат тајно да влијаат на унгарската политика.
Орбан, при говорот за состојбата на нацијата истакна дека организацијата на Сорос работи на тоа да донесе стотини илјади мигранти во Европа, спротивно од желбата на Унгарија и нејзината Влада.
Орбан додаде дека групите кои делумно ги финансира Сорос треба да бидат транспарентни и препознатливи.
Унгарскиот премиер не ги именуваше, но владините претставници претходно ја споменуваа организацијата „Транспаренсти Интернешенал“ и групите за човековите права како што е унгарскиот Хелсиншки комитет и унгарската Унија за граѓански слободи.
Претставниците на Сорос засега не ја коментираа оваа изјава.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава