Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство, знае дека не можат да бидат обвинети
Ова се Швеѓаните кои ни држат предавања за владеењето на правото. Вест на неделата е дека во Шведска 284 малолетни девојчиња се уапсени за убиство – објави вчера на Х унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Не затоа што сите тие заедно убиле едно лице, туку секое посебно. Само прочитајте за тоа. Мафијата ги користела за да ги застрела своите жртви бидејќи малолетничките не можат да бидат осудени“, додаде Орбан.
Според него, ова е начинот на кој се распаднала Шведска, а откако тоа се случува, она што останува е варварство.
„Тие се одјавија од цивилизацијата. Ова е крај на процес што започна, Господ знае кога. Фазите на тој распад ги видовме, чекор по чекор, во последните 15 години. Ова е повлекување на европската цивилизација, варварство. О, патем, ова се Швеѓаните кои ни држат предавања за владеењето на правото“, рече Орбан.
На ова реагираше шведскиот премиер Улф Кристерсен:
„Ова се скандалозни лаги. Не е изненадувачки што доаѓаат од човекот кој го уништува владеењето на правото во сопствената земја. Орбан е очаен пред претстојните унгарски избори“, рече Кристерсен.
По неговата реакција, Орбан повторно се огласи:
„Напуштањето на традиционалните вредности, занемарувањето на здравиот разум и слабото управување доведоа до вкоренување на варварството во домот на една од најголемите европски нации. Криминалните банди користат малолетни девојчиња како инструменти за убивање.
Мисијата на владеењето на правото е да ја обезбеди безбедноста на нашите луѓе. Таму каде што малолетните девојчиња систематски се користат за убиство, владеењето на правото е мртво.
Шведска е наш пријател, а шведскиот народ е голема и благородна нација.
Загрижени сме за вас!
Бог да ја благослови Шведска!“, напиша Орбан.
МИА
Ново на Сител
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови
-
Битолчанка измамена за 27.000 евра со веќе познатата измама за наводна „сообраќајна несреќа“
-
Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши пробемот со сметот
-
Од вторник температури над просекот за овој период од годината
-
Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра | ФОТО
-
Од почетокот на седмицата уапсено 21 лице, а констатирани 2.131 сообраќајни прекршоци
-
Возел 92 км на час на место каде што е дозволено 40
-
Маж од гостиварско возел со 1,62 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка