Орбан: Планот на ЕУ за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна на Унгарија

Планот на Европската унија од пет точки за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна на Унгарија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го пишувањето на бриселскиот портал „Политико“ за постоењето на таков план.
Орбан наведе дека „Политико, официјалниот весник на бриселската елита“, го објавил најновиот воен план на Брисел и Киев, кој според него, е план на украинскиот претседател Володимир Зеленски од пет точки, пренесува МТИ.
- Одлучија дека Украина ќе биде примена во ЕУ веќе во 2027 година, додаде Орбан.
„Новиот план е отворена објава на војна на Унгарија. Тие се потсмеваат на одлуката на унгарскиот народ и сакаат да ја отстранат унгарската влада од патот по секоја цена. Сакаат да дојде Тиса, бидејќи тогаш веќе нема да има вето, веќе нема да има отпор и веќе нема да има изјаснување. Сè уште можеме да ги запреме овој април. Фидес е сигурен избор за ова“, напиша Орбан во објава на Фејсбук.
Унгарската влада се залага за спречување на влезот на Украина во ЕУ, а Орбан тоа го стави во центарот на својата кампања за парламентарните избори во април.
„Политико“ вчера објави дека Брисел прави план без преседан кој би можел да и овозможи на Украина делумно членство во блокот веќе следната година. Овој план, кој бриселскиот портал го објави врз основа на разговори со пет дипломати, кои претставувале различни земји, како и три официјални лица на ЕУ и две украински официјални лица, подразбира „дека постојат неколку начини ЕУ да го заобиколи Орбан“. Првиот е Брисел да ги почека унгарските избори и да се надева дека Орбан ќе изгуби од главниот ривал Петер Маѓар, кој би имал поинаков пристап кон Украина. Ако Орбан победи, лидерите на ЕУ би можеле да се обидат да го ангажираат претседателот на САД, Доналд Трамп, да влијае врз унгарскиот премиер да го отстрани ветото. Во случај тие две можности да пропаднат, ЕУ би можела да го активира членот 7 од Договорот како последна опција која може да го блокира унгарскиот напор да застане на патот на членството на Украина.
Членот 7 овозможува суспензија на одредени права на држава членка, вклучувајќи го и правото на глас во Советот, ако таа држава тешко и трајно ги крши основните принципи на ЕУ. Суспензијата го вклучува и правото на државата да одлучува за тоа дали да се прими нова земја во членство, наведе „Политико“.
МИА
Ново на Сител
-

Топлотниот бран во Велика Британија усмрти 17 луѓе
-

Муцунски: Наша цел како Влада е не само државата да ги почне преговорите, туку и да ги заврши доколку се спроведат реформите
-

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
-

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
-

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
-

Мицкоски од МЕФ: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во можност
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
