Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека Европска Унија планира да ја прими Украина до 2027 година за Киев да има пристап до следниот седумгодишен буџет на ЕУ.
– Тие сакаат да ја примат Украина во 2027 година затоа што сакаат да ѝ дадат пари од буџетот, од седумгодишниот европски буџет почнувајќи од 2028 година, што значи дека овие пари ќе бидат земени од нас, земјите од Централна Европа, наведе Орбан.
Тој додаде дека „постои временски ограничен рок за внесување на Украина во ЕУ пред почетокот на следниот седумгодишен буџет“.
Орбан повтори дека Унгарија е против членството на Украина во ЕУ.
– Парите што ги даваме или сакаме да и ги дадеме на Украина треба да се користат за развој на армиите на европските земји. Нашата линија на одбрана против Русија не е украинско-руската граница, туку границата на НАТО, истакна рече Орбан.
Тој додаде дека, Украина треба да се држи помеѓу двата блока од безбедносни причини.
МИА
Ново на Сител
-

Почнува целосна примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
-

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје
-

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Мисајловски: Следува нова ера во модернизацијата на македонската Армија
-

В недела продолжува судењето за корупција против Бенјамин Нетанјаху
-

За шест години во албанските затвори починале 139 осуденици, повеќето од здравствени причини, а 12 извршиле самоубиство
-

ЈО и ДЗР: Зајакнување на соработката за заштита на јавниот интерес
