Орбан: Европа постепено влегува во војна
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека е неопходен прекин на огнот и мировни преговори за да се реши конфликтот во Украина.
– Јасно е дека Европа постепено влегува во таа војна, врз Унгарија сè уште не е пукано, ова што го прави Европа е многу опасно, а опасноста за Унгарија ќе расте, истакна Орбан, пренесе агенцијата МТИ.
Унгарија зборува со јазикот на мирот, но никој друг не ја следи таа политика, рече Орбан.
Тој за унгарското државно радио изјави дека политиката на санкции против Русија е уште еден чекор кон војна, бидејќи секој кој интервенира во конфликтот користејќи санкции, исто така зазема став кој поддржува една од страните, а со тоа го интензивира конфликтот.
Според него, Унгарија никогаш не ја поддржала политиката на санкции и нема да ја поддржува во иднина.
Ново на Сител
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
