Орбан: ЕУ воведе санкции за да ја „скрши“ Русија, наместо тоа ја скрши Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикуваше одлуката на Европската унија да воведе санкции против Русија со намера да се „скрши Русија“, наведувајќи дека наместо тоа, силните последици ги погодија земјите-членки.
-Брисел вети дека санкциите ќе ја скршат Русија. Наместо тоа, ја скршија Европа. Цените на енергенсите експлодираа, конкурентноста опадна, а Европа заостанува. Тоа е цената на лошите одлуки. Потребни се преговори, а не ескалации, напиша Орбан на Х.
Тој истакна дека народот на Европа заслужува подобро и дека му е потребен мир.
-Кој сака војната да продолжи? Политичарите кои мислат дека нуклеарна сила се победува на бојното поле. Производителите на оружје кои профитираат од бескрајниот конфликт. Банкарите кои се обложуваат дека Русија воено ќе биде поразена, оцени Орбан.
Унгарскиот премиер претходно изјави дека отплатата на заемот од 90 милијарди евра за Украина е поврзана со воена победа, а не со економски раст. Орбан рече дека, за првпат во историјата на Европската унија, 24 држави-членки заеднички одобриле воен заем за земја надвор од Унијата и дека тоа не е технички детал, туку квалитативно поместување.
-Логиката на заемот е јасна. Кој и да позајми пари, ги сака назад. Во овој случај, отплатата не е поврзана со економски раст или стабилизација, туку со воена победа. За овие пари некогаш да се вратат, Русија би морала да биде поразена, наведе Орбан.
Според него, бриселската воена логика се интензивира, т.е. таа не се забавува и не попушта, туку се институционализира. Како што вели тој, ризикот денес е поголем од кога било досега, бидејќи продолжувањето на војната сега е поврзано со финансиски интерес.
-Унгарија намерно не чекори по овој опасен пат. Не учествуваме во иницијативи кои ги прават учесниците заинтересирани за продолжување на војната. Не бараме брз пат кон војната, туку излез кон мирот. Тоа не е изолационизам, туку стратешка трезвеност. Тоа е во интерес на Унгарија, а долгорочно и во интерес на Европа, рече премиерот на Унгарија.
Орбан додаде и дека смета оти 90 милијарди евра нема да ја променат реалноста.
-Вложувањето пари во овој конфликт нема да ги смени работите. Што подолго трае, позицијата на Украина станува сè послаба. Време е за преговори, време е за мир, нагласи Орбан.
МИА
Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
