Орбан: Eдинствено Унгарија искрено ја штити Шенген зоната

Би било „неприфатливо“ Унгарците да бидат лишени од слободно движење во рамките на ЕУ, изјави денеска унгарскиот премиерот Виктор Орбан во интервјуто за Радио „Кошут“.
Орбан посочи дека неколку европски земји, главно основачите, сакаат да се одвојат од источните и централно -европските земји, од каде мигрантите влегуваат на просторот на ЕУ.
- Кој било чекор кој би ги лишил Унгарците од можноста за слободно движење потполно е неприфатлив од унгарска гледна точка, бидејќи сме единствена земја членка на Шенген зоната која искрено го штити Шенгенот, потенцира унгарскиот премиер.
Орбан нагласи дека земјите од Вишеградската група (Чешка, Полска, Унгарија и Словенија) се сложиле вчера во Прага дека ќе соработуваат да ја заштитат својата слобода и од таа причина ја основале групата „Пријатели на Шенгенот“.
Вишеградската група ја одбива идејата за мини- Шенген и сака да се сконцентрира на заштитата на надворешните граници.
Неодамна се даде предлог за воведување на помал простор без контрола на внатрешните граници во кој би припаднале Холандија, Белгија, Луксембург, Германија и Австрија со што полесно би се контролирал приливот на имигранти, и така земјите од мини-Шенгенот би спроведувале строги контроли на своите надворешни граници.
Ново на Сител
-

До петок постудено со повремен дожд, а на планините снег
-

Револуционерно откритие од Јапонија: Создадена пластика која се раствора во морска вода за само неколку часа
-

Груби денеска излегува од куќен притвор
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
