-->
-->
Орбан честита на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска-Давкова
-->
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идна заедничка соработка.
„Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановски-Давкова за заслужената и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на Северна Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ: Додека се караат во ВРЕДИ институциите ја деградираат употребата на албанскиот јазик
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги брани бугарските позиции
-
ДЗР: Серија неправилности во бирото за развој на образованието
-
Следните денови променливо облачно и нестабилно време
-
Се разгледуваат можности за изградба на нов саемски комплекс во Скопје
-
2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење
-
Поради расчистување на одрон сообраќајот на патот Миравци – Демир Капија по една коловозна лента
-
Џорџ и Амал Клуни, наводно за 10 години ниту еднаш не се скарале