Орбан бара поддршка пред затворањето на „зелената“ граница со Хрватска

Унгарската Влада не планира подигнување ограда на унгарско-словенечката граница, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, најавувајќи дека од земјите на „Вишеградската четворка“ ќе бара поддршка пред затворањето на „зелената“ граница со Хрватска, и дека членови на унгарската Влада ќе го посетат Загреб.
Орбан рече дека унгарската ограда на нејзината граница со Хрватска претставува „политичка дилема“, бидејќи Хрватска е членка на ЕУ, но не и на Шенген зоната.
Орбан рече дека Унгарија треба да воспостави патроли на границата со Хрватска, како што тоа го сторила на границата со Србија, за да гарантира „европска форма“ на преминување на границите.
Според Орбан, Будимпешта имала две можности - да отвори коридор за мигранти кон Австрија, како што препорачала Хрватска, но Австрија одбила со образложение дека така се крши меѓународното и правото на ЕУ, и да воспостави патролирање меѓу Унгарија и Хрватска, што Австрија прифатила.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
