Орав: Нема план „Б“ за изборот на специјален обвинител
Не постои план „Б“ во однос на обврската за избор на специјалниот обвинител што треба да се случи до 15 септември. Очекувам тој да биде избран во предвидениот рок и веќе од 16 септември да започне со работа, изјави денеска евроамбасадорот Аиво Орав.
- Политичкиот договор кој беше постигнат меѓу четирите политички партии на 15 јули беше извонредно достигнување за сите партии. Тоа беше многу тежок процес, а сега партиите се во уште потешка фаза на имплементација на договорот. Задоволен сум што многу добри работи се веќе постигнати. Работните групи разговараат за формите, опозицијата на 1 септември се врати во Парламентот што беше еден од клучните елементи на овој договор, а сега уште еден клучен датум не очекува идната недела. Тоа е 15 септември кога специјалниот јавен обвинител треба да биде назначен од четирите политички партии, рече одговрајќи на новинарско прашање по презентацијата на кампањата за јакнење на капацитетите на органите за спроведување на Законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица.
Орав вели дека не постои резервен план ако специјалниот обвинител не биде избран до договорениот рок.
- Не постои план „Б“. Специјалниот обвинител треба да биде назначен на 15 септември и лично сум многу охрабрен од говорите кои завчера ги имаа премиерот Груевски и лидерот на опозицијата Заев кои испратија многу охрабрувачки пораки дека сакаат да стигнат до целта на овој пат. Остануваат уште неколку прашања и се надевам дека ако не во следните неколку часа, тогаш во следните неколку дена овие прашања ќе бидат решени на еден многу конструктивен начин и во интерес на оваа земја. Така што, на 15 септември ќе се постигне договорот, а на 16 септември новиот специјален обвинител ќе почне со работа, рече евроамбасадорот Орав.
Тој не сакаше да коментира дали постигнувањето договор за специјалниот обвинител е услов за посетата на еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан на земјава која е најавена за 18 септември.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања