Ора њуз: Преку преминот Ќафасан не се дозволува влез на албански сезонски работници
Албанската Ора њуз пренесува дека со посебна наредба од македонска страна, денеска не им бил дозволен влез на 150 албански сезонски работници во Северна Македонија, преку преминот Ќафасан, кај Струга.
-Не се познати причините за ваквата одлука од македонска страна, ниту до кога тоа ќе трае. Сепак, најверојатно се поврзува со смртта на албанскиот државјанин пред три дена кој бил ангажиран во охридско, а во текот на работата се повредил и починал, наведува Ора њуз.
Се додава дека поради оваа причина, албанските работници кои влегуваат наутро и излегуваат навечер од македонска територија, не им бил дозволен влез бидејќи работат на црно.
Телевизијата наведува дека планирана е средба на надлежните на преминот.
Според извори на македонската полиција не станува збор за никаква наредба за забрана за влез на албански граѓани. Оние на кои не им е дозволен влез не поседувале валидни документи за влез и престој во Северна Македонја.
Ново на Сител
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
-

Од 1 октомври граѓаните кои сакаат може да дадат согласност кај матичен за дарување на органите по смртта
-

Поплавени улици по силното невреме во Скопје - Комуналните екипи на терен
-

Пропаднаа измените на Изборниот законик, СДСМ ги блокираше со 10.000 амандмани
-

Реконструкцијата на Владата е заокужена - ресорите се поделени
