Оптичка варка: Колку лостови има на фотографијата?

Оптичка варка со лостови е една мистерија која ќе ви го „разработи“ мозокот. Задачата е да откриете колку лостови се наоѓаат на сликата.
Добро погледнете ја фотографијата на која се наоѓаат правоаголни лостови. Ако ги броите лостовите според нивните почетоци ќе изброите осум, но ако ги броите од краевите ќе бидат седум. Кога ќе погледнете малку подобро краевите на лостовите од десна страна на фотографијата ќе видите дека со нив нешто не е во ред и дека тие лостови не се целосни.
Првите пет лостови (кога ќе ги броите од врвот на фотографијата) се целосни, односно прават облик на правоаголник, но работите потоа стануваат збунувачки.
Одговор? На фотографијата всушност се шест лостови. Занчи, пет целосни лостови кои можете јасно да ги изброите од врвот на фотографијата и последниот лост (оној најблиску што е до вас).
Двата последни лостови не се целосни, односно прават оптичка илузија.
Ново на Сител
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
