-->
-->
Општина Зрновци со проект за регулација на Видовишка река
-->
Општина Зрновци преку Министерството за животна средина и просторно планирање доби проект за регулација на коритото на Видовишка река во населеното место Видовиште, со што ќе се регулираат водите на реката и нема да има излевање и поплава на куќи и обработливи површини.
- На општо задоволство на жителите од село Видовиште, општината го доби проектот кој ќе значи многу за целокупната регулација на реката која поминува низ населбата. Преку Министерството за животна средина и просторно планирање добивме средства во износ од 2,5 милиони денари, а општина Зрновци ќе учествува со сопствени средства во износ од 500 илјади денари. Со ова ќе се направи регулација и уредување на речното корито во должина од 320 метри, а општината покрај коритото на реката ке изгради и асвалтира улица со иста должина, изјави Блаже Станков, градоначалник на Зрновци.
На Видовишка река, истакна Станков, се изградени два моста кои населбата ја поврзуваат со регионалниот пат Виница, Зрновци, Облешево Аргулица.
Општината веќе го објави тендерот за избор на најповолен изведувач на работаите, а со регулацијата на Видовишка река ќе се отпочне во средината на мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка