Општина Велес утре ќе ги исплаќа субвенциите на граѓаните за инвертер клима
Субвенциите за купена инвертер клима утре ќе бидат исплатени на сметките на добитниците, кои конкурирале на јавниот повик, информираат од Општина Велес.
Тие појаснуваат дека по завршувањето на јавниот повик и спроведување на административните процедури, јавното извлекување и теренска контрола од страна на комисијата, денеска градоначалникот Марко Колев го потпишал решението за одобрување на барањата за субвенции на физички лица за купена инвертер клима. Овие граѓани утре ќе ги имаат средствата на своите сметки.
Инаку, за овој повик биле пристигнати 95 уредни барања, од кои 44 се одобрени во рамки на предвидениот буџет.
– Со ова ги завршивме сите повици за субвенционирање на физички лица, а традицијата за доделување субвенции ќе продолжи и наредната година, најавија од Општина Велес.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри