Општина Велес продава плацови во околината на езерото „Младост“
Општина Велес го објави повикот за отуѓување на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општината, а кој се однесува на продажба на плацови во околината на езерото „Младост“.
Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев денеска на прес-конференција рече дека станува збор за продажба на 17 плацови во предвидената викенд населба со намена на градба А4-времено сместување.
Овие парцели ќе бидат предмет на електронско јавно наддавање кое ќе се спроведе на 23 и 24 ноември, а ќе се продаваат по цена од 283 денари по метар квадратен.
Тој ги повика сите заинтересирани правни и физички лица да ја искористат поволноста на цените за продажба на плацови на оваа атрактивна локација.
Додаде дека општината Велес планира да го уреди просторот околу езерото „Младост“ со цел тоа да стане препознатлива туристичка дестинација.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава