Општина Велес почнува со јавни расправи по нацрт-документите од сите области за 2019
Општина Велес ги повикува граѓаните, претставниците од сите сектори, невладини организации и месни заедници со свои ставови, мислења и предлози да се вклучат и да дадат активен интерес по нацрт-документите на општината од сите области за наредната 2019 година.
Јавната расправа е закажана за вечер, во 17:30 часот, во големата сала на општина Велес, каде се поканети претставници од областа на образованието, културата, здраствената и социјалната заштита, како и здруженија и фондации. Поканет е и невладиниот сектор, културно-уметничките, спортски друштва, клубови и сите заинтересирани граѓани.
На јавна расправа се ставени нацрт-програмите на општина Велес за 2019, за уредување на градежно земјиште и урбанизам, за изработка на урбанистички планови, од областа на заштитата и спасување и противпожарната заштита и управување со кризи. На јавна расправа се и нацрт-програмите во областа на локалниот економски развој, информатичката технологија, заштитата на животната средина, културата, образованието, социјалната и здравствената заштита, спорт и поддршка на младите и промоција и комуникација со јавноста и меѓународнта соработка на општина Велес.
Нацрт-документите можат да се најдат и електронски на веб-страницата на општина Велес.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност