Општина Тетово со 68 отсто од заболените во регионот, Општина Желино со 2 проценти
Центарот за јавно здравје во Тетово денеска објави колку е процентот на заболени според општини базирајќи се на бројките на болни од сабота кога според нивните статистика во регионот има вкупно 578 болни.
– По општини бројките се следни: Боговињe- 43; Брвеница -52; Желино-12; Јегуновце-34; Теарце-43; Тетово-394. Во рамки на општина Тетово се 68 отсто од заболените, додека најмалку 2 проценти има во Општина Желино. Во Брвеница има 9 отсто, Боговиње 8, Теарце 7 проценти од вкупно заболените и Јегуновце со 6 отсто, објавија од ЦЈЗ – Тетово.
Од таму потенцираат дека од почетокот на пандемијата во 13-та недела од 2020 во Тетово и тетовскиот регион се до 30 октомври 2020 година или 45-та недела се забележува најголем пик на заболени од Ковид -19 во последниве три недели од месец октомври.
Тетовскиот регион во последните 24 часа бележи нови 95 заболени од Ковид-19, со што го зазема второто место во нашата земја со активно болни веднаш по скопскиот регион. Тетовско сега има 609 активни случаи со коронавирус, по Скопје 4862, а пред Струмица со 560. Тетово и регионот досега бележат 2294 дијагностицирани со Ковид-19.
Ново на Сител
-
80 години Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски
-
Службите кубурат со опрема и кадар
-
Општините немаат доволен број комунални инспектори, а слаба е и казнената политика
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ