Општина Струмица со препораки заради голема загаденост
Поради надминување на прагот на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во неколку последователни денови, Одделението за заштита на животната средина при општина Струмица информира дека на сила се препораките донесени од Владата на Република Македонија.
Тие се однесуваат за ограничени движења и активности на отворен простор на децата, ослободување од работни обврски на бремени жени, лица постари од 60 години, лица со хронична астма, лица со прележан инфаркт или мозочен удар без разлика на возраста, како и да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот.
Покрај овие мерки се забранува одржување на спортски натпревари и друг манифестации на отворено, а со одлука на Советот на општина Струмица да се забрани продажба на пелевина за користење како огревен материјал. На лицата кои не можат да обезбедат средства за затоплување да им се додели помош и да им се помогне во чистењето на оџаците.
Одделението за заштита на животната средина при општина Струмица препорачува и зголемување на инспекциските контроли кај сите субјекти. Поради опасните нивоа на загаденост на воздухот, во случај на повеќе дневно надминување на прагот на алармирање, треба да се воведат итни мерки за ограничување на сообраќајот во градското централно подрачје при што сообраќајот за приватните автомобили да биде забранет во центарот на градот.
Препораките се доставени до СВР Струмица, ЈПКД „Комуналец“ и Одделението за инспекциски надзор при општина Струмица.
Инаку, во изминативе четири денови во Струмица се измерени исклучителни високи износи на загаденост на амбиенталниот воздух.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом