-->
-->
Општина Струга утре и задутре во две смени ќе прима барања за легализација
-->
Шалтерот и архивата во општина Струга утре и задутре ќе работат во две смени поради истекувањето на рокот за доставување барања за легализација на дивоградби.
Општинската прес-служба соопшти дека на 30 и 31 овој месец шалтерот и архивата ќе бидат отворени од 8 до 19 часот.
- Мерките во наведените датуми се преземени во согласност со рокот за легализација на дивоизградените објекти на територијата на општина Струга до 2011 година, се вели во соопштението.
Од општина Струга апелираат до граѓаните и компаниите што немаат доставено барање за легализација, а сакаат да ги легализираат дивоизградените објекти тоа да го направат во наредните два дена, односно да го запазат законскиот рок кој истекува на 31 март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ