Општина Струга е подготвена долгот за струја во училиштата да го плаќа на рати
Општина Струга е подготвена да го плати долгот за електрична енергија во струшките основни училишта доколку ЕВН и овозможи плаќање на рати, истакна денеска на прес-конференција градоначалникот Зијадин Села.
Општината минатата година презема плаќање на долгот за електрична енергија од околу 6.300.000 денари во струшките основни училишта заклучно со ноември, кој, според градоначалникот, редовно се плаќа на рати. Во меѓувреме, тој појасни дека, поради блокираните сметки на училиштата, се наталожил нов долг за електрична енергија.
- Подготвени сме да го преземеме и овој долг за електрична енергија од два милиони денари, но и сите долгови кои ќе се направат во меѓувреме во образованието за да не играме политика со децата. Ако ЕВН и кој било друг не сака да слушне за ова и ако сака да има бојкот во образованието во Струга ќе има и јас ќе го поддржам, рече Села.
Советот на родители најави дека доколку училиштата не добијат електрична енергија од четврток ќе ја бојкотираат наставата, односно часовите ќе бидат скратени, а од понеделник воопшто нема да ги пуштат децата на настава.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија