Општина Струга: Добивме гаранција од премиерот за решавање на проблемот со третманот на кучињата скитници
Добивме многу добра вест во врска со проблемот, веќе покренат на државно ниво, со третманот на кучињата скитници. Општина Струга стана иницијатор за решавање на ова многу деликатно прашање. Впрочем, добивме гаранција од премиерот Димитар Ковачевски, кој го подигна ова прашање на повисоко институционално ниво, за да се реши на национално ниво, пишува на официјалната Фејсбук страница на Општина Струга.
– Општина Струга постојано бараше овој проблем да се решава во највисоките државни институции, од кабинетот на премиерот и владиниот кабинет, до националните агенции со ексклузивни законски овластувања. За решавање на овој проблем, потребна е државна интервенција со сите расположливи механизми, од државниот буџет, до државни институции и меѓународни проекти, наведуваат од струшката локална самоуправа.
Во објавата се изразува благодарност до Ковачевски, како и до сите членови на Владата, кои „пристапија спрема оваа наша иницијатива, за да се реши еднаш засекогаш овој многу сериозен проблем“.
– Заедно сме посилни, додаваат од општината во објавата што е поставена и не ФБ на градоначалникот Рамиз Мерко.
Ново на Сител
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Нова блокада на обвинителството во Нови Сад, туркање меѓу припадници на опозицијата и полицијата
-
Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете
-
Зеленски за Фокс Њуз: Доколку САД ја прекинат помошта Украина ќе ја изгуби војната против Русија
-
Грција зафатена од 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати
-
Макрон го повика Путин да се вразуми
-
Атлетик: Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер сити
-
Скопје прв најзагаден град во Европа