-->
-->
Општина Старо Нагоричане ќе добие туристичко-информативен центар
-->
Во рамки на проектот „Изградба на мост на туризам-спој на заедничкото наследство“ кој го имплементира општина Старо Нагоричане во партнерство со општина Рила од Бугарија, во поранешниот Задружен дом во село Младо Нагоричане, ќе биде отворен туристичко-информативен центар, соопштија, денеска надлежните од општината.
Домот ќе се реконструира и адаптира во туристички-информативен центар во кој домашните и странските туристи и посетители ќе имаат можност да добијат информации за бројните цркви, манастири, локалитети, културно-историски споменици кои се наоѓаат на подрачјето на општината Старо Нагоричане.
- Специфична цел на проектот е зајакнување на туристичкиот потенцијал во регионот преку иницијативи за соработка за зачувување и одржливо користење на природното и културното наследство. Општа цел на проектот е подобрување на локалната економија преку промоција и развој на туристички потенцијали во општина Старо Нагоричане, изјави градоначалникот на општината, Милован Стојковски.
Во проектот се вклучени двете општини, менаџерите и персоналот од областа на туризам и невладините организации.
- Меѓу очекуваните резултати за општина Старо Нагоричане се основање на туристичко -информативниот центар, промовирање на туристичката понуда на Старо Нагоричане, како и промоција на едукативниот центар за стари занаети и работилница за изработка на сувенири, изјави Стојковски.
Посетителите преку туристичкиот центар ќе имаат можност детално да се информираат за бројните локалитети, културно-историски споменици кои се лоцирани на подрачјето на општината, меѓу кои, мегалитската опсерваторија Кокино, манастирот Карпино, комплексот Костоперска карпа со црквите „Света Петка“ и „Свети Ѓорѓи Победоносец“, спомен костурницата Зебрњак, средновековната црква Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, а воедно во општината има бројни места кои пленат со својата недопрена природа.
- Она што како дел од проектот треба да го реализира партнерската општина Рила е реновирање на старата византиска црква „Свети Архангел Михаил“ препознатлива по својата внатрешност, фрески и иконописи, посочува градоначалникот Стојковски.
Проектот се спроведува во рамките на Првиот повик од Програмата за прекугранична соработка помеѓу нашата држава и РБ – INTERREG и ќе трае до 27 април 2018 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон
-
Инвестиција од 300 милиони евра за изградба на соларен парк „Стипион“
-
Се зголемува бројот на пациентки со рак на дојка