Општина Штип реагира на испишаните графити во централното градско подрачје
Во централното градско подрачје во Штип утринава на ѕидовите на неколку институции и станбени згради се испишани недолични политички графити.
Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов вели дека локалната власт остро реагира на испишаните недолични политички графити, бидејќи во 2013 и 2014 година реализираше акција за чистење на старите графити по објектите.
- За жал по една година истото се случува и ние повторно ќе апелираме и ќе кажеме дека ѕидовите не се место, каде што се прави политички дијалог и каде што се креира политика. Постојат институции за таа работа, Совет на Општина Штип каде што членуваат различни политички партии, имаме и Парламент, каде што по правило треба да се води политичка дискусија, но не и на ѕидовите, рече Ристов.
Тој истакна дека штипското комунално претпријатие „Исар“ веќе е информирано и треба да ги исчисти и бојадиса ѕидовите на кои се испишани графитите, за што ќе се потрошат пари кои граѓаните ги дале за реализација на одредени проекти.
Ново на Сител
-
22-ри „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Марјан Николовски, професор на Факултет за безбедност
-
Подметнат пожар во автосервис во близина на „Стаклара“
-
Мицкоски: Пожарите доаѓаат од центри на моќ за да сејат страв, идентификувани се 20 лица
-
Шест месеци по трагедијата во Кочани, тројца повредени се уште во болница
-
Убиената Росица 7 пати го пријавувала насилникот во полиција, Обвинителството постапувало по пријавите
-
Медицинска сестра од Онкологија: Васев во канцеларција имаше лекови
-
Злоупотреба на службени возила од денеска ќе може да се пријави на телефонскиот број: 070 399 050