Општина Ресен ќе врши замена на кровната конструкција на Сарајот

Општина Ресен ќе врши замена на кровната конструкција на Сарајот во тој град, објект во кој сега функционира тамошниот Дом на култура „Драги Тозија“.
Проектот е во рамки на Стратегијата за развој на Општина Ресен, документ кој го поддржаа и членовите на општинскиот Совет.
– Замената на кровната конструкција на ресенскиот Сарај, поставување нови олуци и други интервенции се неопходно потребни да се заштити овој значаен објект граден во неокласичен стил. Како што е познато, Сарајот е граден на иницијатива на Ахмед Нијази-бег, еден од водачите на младотурската револуција, а во градбата учествувале најдобрите македонски мајстори ѕидари и локалното население. Со оглед дека оштетената кровна конструкција предизвикува различни проблеми, планирани се осум милиони денари за реконструкција на Сарајот, денес Дом на култура „Драги Тозија“ кои ќе бидат обезбедени од Министерството за култура, информираат од Општина Ресен.
Во најголемиот објект за културни манифестации во Ресен има и изложбен простор со експонати од Преспа, керамички предмети, археолошки артефакти, икони, слики и други реткости кои го привлекуваат вниманието на домашната и јавноста од странство.
Ново на Сител
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
