Општина Ресен ќе донира 100.000 денари за поплавените, отворен пункт за граѓаните
Советот на општина Ресен на денешната вонредна седница донесе одлука да донира 100.000 денари на сметката на Фондот за солидарност, средства што ќе бидат наменети за жителите од подрачјата зафатени со невремето.
Во рамки на активностите за помош на настраданото население Општинската организација на Црвениот крст - Ресен и локалната самоуправа денеска во општинската зграда отворија пункт за собирање помош за настраданите во невремето што го зафати скопскиот регион. Пунктот ќе биде отворен до петок во периодот од 10 до 15 часот.
Градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски ги повика граѓаните да ја покажат својата хуканост и да донираат за настраданите.
- Ги повикуваме граѓаните на општина Реесен во овие моменти да ја покажат својата хуманост да донираат во рамки на можностите храна, вода, средства за хигиена.... за настраданите од невремето во скопско и тетовско, истакна Стрезовски.
Граѓаните и правните субјекти може да дадат и парична помош на жиро-сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка или по 100 денари со вртење на телефонскиот број 143 400 од сите мобилни оператори.
Ново на Сител
-
Фудбалерите оддадоа почит
-
Томовски: По 150.000 денари итна помош за секој настрадан за првични секојдневни трошоци
-
Шеесетминутен молк во Солун за жртвите од трагедијата во Кочани
-
Русија очекува напредок во преговорите со САД за Украина во понеделник
-
Приведено лице од Делчево поради предизвикување пожар
-
Муцунски: Владата ги покрива сите трошоци за семејствата на пациентите во странство, не треба да се запостави и хуманоста на граѓаните
-
Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба
-
Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош