Општина Новаци додели по 6.000 денари за секое прваче
Општина Новаци и оваа година додели еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 6.000 денари.
Целта на овој проект е да се намалат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството, информираа од тамошната локална самоуправа.
-Со отпочнувањето на мојот мандат како градоначалник на Општина Новаци на првата седница на новиот Совет на мој предлог донесовме одлука паричниот надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, да се зголеми на 6000 денари. Ова е втора година како нашите првачиња добиваат еднократна парична помош со овај износ. Сметаме дека на овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете, истакна градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.
Во ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ во Новаци во учебната 2022/2023 година се запишаа вкупно 224 ученици.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш