Општина Куманово организираше прием по повод Денот на ослободување на градот
По повод 11 Ноември - Денот на ослободувањето на Куманово денеска градоначалникот Зоран Дамјановски организираше прием во општината.
На свеченоста градоначалникот Дамјановски оцени дека градот во текот на годината се соочил со низа предизвици како поплави, бегалска криза и вооружен конфликт.
- Се соочувавме и со предизвици од безбедносен карактер, а тоа е 9 и 10 мај кога во Куманово имавме вооружен конфликт кој не е запаметен во поновата историја на Куманово, изјави Дамјановски.
Учесникот во НОБ, Спирко Зафировски на сите граѓани на Куманово им го честиташе утрешниот празник и истакна дека утрото на 11 ноември германскиот окупатор го минирал надвозникот на Врањско џаде и се повлекол.
На свеченоста присуствуваа поранешните градоначалници Слободан Ковачевски, Благе Кипријановски и Бајрам Сулејмани, учесници во НОБ и претставници од општествениот и јавниот живот.
Во рамки на одбележувањето, попладне ќе биде отворена изложба во Уметничката галерија во Куманово, а концерт ќе одржи хрватскиот пејач Борис Новковиќ. Утре празнувањето продолжува со положување цвеќе на Спомен костурница, ќе се одржи свечена седница и ќе бидат доделени ноемвриските награди на поединци и компании кои придонеле во афирмирањето на градот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии