Општина Крива Паланка додели пакетчиња за дечињата од градинките и ученичкиот дом
Новогодишни подароци за најмладите жители од градот поделија денеска гадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и претседателката на Советот на општината, Изабела Павловска.
-Денот започна со споделена радост за најубави желби и подароци за најсреќни денови на најмладите од градот, дечињата од градинката „Детелинка”. Заедно со претседателката на Советот, овие прекрасни дечиња ги израдувавме со пакетчиња, посакувајќи секогаш да не греат насмевките од нивните среќни лица, рече градоначалникот Митовски.
Општинските служби ги израдуваа со подароци и корисниците од Дневниот центар за лица со интелектуална и физичка попреченост, како и дечињата од ученички дом „Боро Менков” во градот.
-Празниците се време за радост кај сите, а ние им посакавме среќно, во здравје и благосостојба да им минат деновите, рече Изабела Павловска, претседателка на Советот на Општина Крива Паланка.
Вчера попладне, општината организираше и свечен новогодишен прием за стопанствениците, претставниците на државните и локалните институции, советниците, културните и спортските работници.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец