Општина Кисела Вода и годинава обезбеди терапевтско пливање за децата со посебни потреби
Трета сезона по ред општина Кисела Вода продолжува со реализацијата на проектот ”Слобода во вода” наменет за децата со посебни потреби од овој дел на градот.
Истиот, кој е дел од Програмата за активности од областа на социјална заштита на општина Кисела Вода, преку спортски активности во вода на овие дечиња им овозможува подобрување на психофизичката состојба.
Тренерите-инструктори, секој петок, од 16 до 17 часот, на базенот ”Карпош”- Спортски центар ”Борис Трајковски”, индивидуално работат со дечињата со посебни потреби од општина Кисела Вода. Се работи за професори по физичка култура, поранешни активни спортисти со долгогодишно искуство во овој спорт, спасувачи на вода, сертифицирани физиотерапевти кои го знаат значењето на оваа терапија.
Користејќи ги методите на Halliwick програмата, тие, на дечињата кои имаат Даунов синдром, аутизам, церебрална парализа им овозможуваат зајакнување и активација на мускулите во водена средина, бидејќи истите на суво и во секојдневието не можат да ги користат заради нивната попреченост.
Воедно, им се намалува хиперактивноста, им се зголемува концентрацијата и фокусот на вниманието, им се подига самодовербата, со што се подобрува и нивната социјализацијата во средината во која живеат.
Финансиските средства за проектот ”Слобода во вода” ги обезбедува опшина Кисела Вода. Истиот се реализира заедно со Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби ”Дајте ни крилја”.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонските иселеници од Италија благодарни за честа искажана од претседателката Сиљановска Давкова
-
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
-
Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ