Општина Кисела Вода досегa додели 1610 ваучери за новороденчиња
48 ваучери за новороденчиња денес додели градоначалникот на општина Кисела Вода. Од нив 28 беа за машки, а 20 за новородени женски дечиња. Со тоа бројот на ваучери со еднократна парична помош кои оваа локална самоуправа редовно ги доделува за своите нови жители се искачи на 1610.
Се работи за проект од програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода, донесена по предлог на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, а едногласно поддржана од Советот на општината.
Истиот има за цел да им помогне на новите родители од овој дел на градот за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето и ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител.
Заедно со барањето тие треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД