Македонија
15. December 2015 - 12:57

Општина Илинден санира улица во Бунарџик

Како дел од Проектот за Подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта, Општина Илинден ја санираше улица „2“ во населено место Бунарџик, во должина од 250 метри.

Вкупната инвестиција за санацијата на оваа улица, обезбедена од Буџетот на Општина Илинден, изнесува 1,2 милиони денари.

Од Општина Илинден информираат дека со санацијата и поставувањето на новиот асфалт се подобрува функционалноста на улицата, се олеснува движењето на возилата и на пешаците, со што се овозможува подобра и побезбедна комуникација.

Додаваат дека интензивните инвестиции и вложувања во квалитетна патна инфраструктура, придонесуваат за одржлив локален економски и социјален развој. - Затоа, инвестирањето во изградбата, реконструкцијата, санацијата и рехабилитација на општинските улици и патишта останува еден од приоритетите на Општина Илинден во насока на подобрување на квалитетот на живеење во сите 12 населени места, стои во соопштението.