Општина Илинден го одбележа патрониот празник
Со општонароден собир под мотото „Со Илинден традицијата продолжува“ и „Илинденски етно фест“, општина Илинден го одбележа својот патронен празник-2 август.
Централната манифестација, со поддршка на Македонската православна црква, се одржа во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“ во Дељадровци.
Со честитки за националниот празник, на присутните им се обрати градоначалникот Жика Стојановски. Тој им се заблагодари на граѓаните на општина Илинден, истакнувајќи дека се што е досега постигнато, реализирано е со нивна помош.
На „Илинденски етно фест“, фестивал на традиционални македонски песни со нови аранжмани настапија Круме Спасовски, Ани Малинкова, Алекса Димов, Јулија, Марјан Коцев, Сузана Спасовска, Мишко Талески, групата Нота, групата Виртус, Влатко и Златко Миладиноски, Злате Милошевски, Сашо Митковски, Вили Гајда, Марија Петковска и Дејан Теодосиевски.
Во знак на благодарност за учеството на „Илинденски етно фест“, градоначалникот Стојановски на сите учесници на фестивалот им додели плакети.
Централната манифестација, како и во изминатите години, почна со положување цвеќе на гробот на владиката полошко-кумановски г.Кирил, кој е погребан во овој манастирски комплекс.
Ново на Сител
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ