Општина Ѓорче Петров им забрани на наставниците користење мобилни телефони за време на часовите
Општина Ѓорче Петров донесе мерка за забрана за користење мобилни телефони од страна на наставниците за време на образовниот процес во основните училишта во Општината.
Како што соопштија општинските власти, прекумерното користење на телефоните за време на наставата од страна на учениците и наставниците станува сериозен проблем во целокупниот образовен процес.
– Со цел непречено одвивање на наставниот процес, ја донесовме оваа мерка која стапува во сила на почетокот на второто полугодие. За секој наставник што нема да ја почитува, ќе следува дисциплинска мерка. Наставниот кадар во иднина за потребите на наставата ќе може да се служи само со друга информациско-комуникациска технологија, но не и со телефон, информира Општина Ѓорче Петров.
Учениците пак, како што се наведува во соопштението, ќе можат да ги донесат телефоните во училиште, но нема да им биде дозволено користење додека трае наставата. За време на часовите, мобилните на учениците треба да бидат исклучени и ставени на определено место.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата