Општина Ѓорче Петров им забрани на наставниците користење мобилни телефони за време на часовите
Општина Ѓорче Петров донесе мерка за забрана за користење мобилни телефони од страна на наставниците за време на образовниот процес во основните училишта во Општината.
Како што соопштија општинските власти, прекумерното користење на телефоните за време на наставата од страна на учениците и наставниците станува сериозен проблем во целокупниот образовен процес.
– Со цел непречено одвивање на наставниот процес, ја донесовме оваа мерка која стапува во сила на почетокот на второто полугодие. За секој наставник што нема да ја почитува, ќе следува дисциплинска мерка. Наставниот кадар во иднина за потребите на наставата ќе може да се служи само со друга информациско-комуникациска технологија, но не и со телефон, информира Општина Ѓорче Петров.
Учениците пак, како што се наведува во соопштението, ќе можат да ги донесат телефоните во училиште, но нема да им биде дозволено користење додека трае наставата. За време на часовите, мобилните на учениците треба да бидат исклучени и ставени на определено место.
Ново на Сител
-
На огласот за самовработување пријавени над 2500 лица
-
Вкупниот промет во индустријата зголемен за 6 проценти во април на годишно ниво
-
Иран соопшти за најмалку 95 повредени во израелските напади во текот на ноќта
-
Израелски авиони извршија нов напад врз Иран
-
Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија
-
Не спречиле палење на пиротехниката, проширена истрагата на 13 полицајци за пожарот во дискотеката во Кочани
-
Официјален претставник на Хезболах: Ќе се држиме подалеку од израелско-иранскиот конфликт
-
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија